Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
Само со покани и акредитации ќе биде дозволен влез во спортската сала во Кожани, за безбедно одржување на утрешниот ракометен натпревар меѓу репрезентациите на Грција и Македонија во квалификациите за Европското првенство 2020, а полицијата ќе преземе засилени безбедносни мерки за заштита на екипите, судиите и публиката, но и за да се избегнат било какви инциденти.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во грчкиот град Кожани каде што во недела во 16 часот ќе се одигра натпреварот, грчката полиција вчера одржа два состаноци. На вториот беше донесена одлуката, наместо влезници, да се поделат покани, иако од грчката ракометна федерација во четвртокот соопштија дека влезниците во попладневните часови истиот ден ќе бидат пуштени во продажба, по цена од 10 евра и 20 евра (ВИП).
На состанокот, исто така било одлучено и какви мерки ќе преземе полицијата – зголемени безбедносни и сообраќајни мерки пред, за време и по натпреварот, нема да бидат достапни билети, на сите покани ќе биде запишан број на лична карта и име и презиме, додека влезот ќе биде забранет за оние без покани или акредитации.
Претходно бил одржан и друг состанок во зградата на полициската станица на кој присуствувале претставници од грчката ракометна федерација и од општина Кожани во чија надлежност е и спортската сала.
За денеска напладне, во 12.30 часот по локално време закажана е прес конференција на двете репрезентации.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило