Почнуваат музички концерти на „Струмица опен фестивал“

Со концертот на летната школа за гитара, кој е посветен на музичката ѕвезда, Тоше Проески вечер почнува неделата на музички концерти на „Струмица опен фестивал“.
Според организаторите, концертот се организира во соработка со НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“од Крушево, кои во Струмица ќе донесат на показ 26 фотографии од Тоше.
-Целиот концерт ќе биде посветен на Тоше Проески и ќе биде исполнета музиката од неговите песни. На концертот ќе учествуваат педесетина гитаристи и вокални исполнители, кои неколку месеци се подготвуваат за концертот, рече Васко Пиличев, раководител на Летната школа за гитара.
На програмата утре се најдобрите македонски хитови од „Макфест“ испеани од Александра Јанева, Ѓоко Таневски, Наде Талевска, Ристо Самарџиев заедно со Битолски камерен оркестар.
Концертот в среда ќе го започне бендот „Yu for you“, а веднаш по нив настапуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Во пресрет на роденденот на музичката фолк легенда Гоце Арнаудов, в четврток ќе се одржи концерт насловен „Ај да беше стрела песната“, а во негова чест естрадни уметници ќе ги исполнат неговите најдобри и најслушани песни.
Во петок завршува годинашното издание на „Струмица опен фестивал“ со концерти на Коста Хаџикојчев Бенд и Влатко Лозаноски.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
