Почнува со производство новата фабрика за медицински канабис

Почнува со работа новиот објект на Фармакан, компанија за производство на канабис за медицински цели. Се работи за најголем капацитет од овој вид, сместен во зоната во Ќојлија во општина Петровец. Во новиот објект досега се вложени 20 милиони евра. Компанијата ги доби највисоките стандарди, а производите веќе се присутни на светскиот пазар.
"Измените во законот за опојни дроги се во собраниска процедура и преку нив дополнително ќе ги стумулираме и инвеститорите и младите луѓе да останат тука и да најдат работа во овој сектор", рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Премиерот Заев испрати порака до инвеститорите да го следат примерот и да вложуваат во нови производи со поголема додадена вредност.
Побара Собранието да ги усвои измените на законот што ќе обезбеди извоз од 250 милиони евра годишно и ќе отвори нови високоплатени работи места.
"Секоја криза е можност за нов почеток, а државата ќе ги поттикнува инветситорите во тој правец", рече премиерот Заев на отворањето на новата фабрика.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
