Почнува повратот на персоналниот данок, земјоделците да пријават промени на трансакциските сметки во УЈП
Од утре почнува повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. Исплатата ќе се врши неколкукратно, до крајот на годинава, на трансакциските сметки на земјоделците.
Ако некои од земјоделците имаат направено какви било промени на трансакциските сметки, да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП) со цел ефикасна и точна исплата на средствата, апелираа денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Според Димковски и Лукаревска, околу 17.000 земјоделци треба да добијат вкупно 80 милиони денари.
-Исполнуваме уште едно од нашите ветувања. Од утре почнува повратот на персоналниот данок на доход на земјоделците кои во 2018 гиодина оствариле приход до еден милион денари од продажба на примарни земјоделски производи. Услов за добивање на средствата е нивната основна дејност да биде земјоделството и покрај остварениот приход од продажба на примарни производи, да немаат остварено други приходи, истакна Димковски на прес-конференција во Владата.
Лукаревска, пак, нагласи дека повратот е до максимум 20.000 денари, а УЈП директно ќе ги контактира земјоделците кои имаат какви било промени на трансакциските сметки што не се евидентирани во Управата.
-За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои Министерството и УЈП не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Затоа, ако некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат Управата за јавни приходи, со цел ефикасна и точна исплата на повратот. Идејата е едноставна, да се придонесе кон општсетсво за развој и раст на земјоделците и земјоделството, рече директорката.
Потсети и дека со последните измени на Законот за персонален данок на доход донесени лани, освен што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од 300.000 на еден милион денари, земјоделците дополнително се ослободени и од административни процедури како што е поднесувањето барање за регистрација за даночен обврзник и плаќањето административни такси.
Ново на Сител
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари