Почнува манифестацијата „Денови на медот” во Крива Паланка
Здружението на пчелари „Пчела” од Крива Паланка во претстојните два дена ќе биде домаќин на манифестацијата „Денови на медот” што првпат ќе се одржи во општината, а ќе вгости пчелари и производители на мед од осум градови од Северна Македонија, Бугарија и Србија.
Оваа манифестација ќе се реализира како проект подржан од Германското друштво за меѓународна соработка и Работна група за регионален развој на Североисточна Европа, SWG.
– На настанот присутните ќе имаат можност да вкусат или да си купат мед, пчелни производи, а ќе има презентација и на пчеларска опрема од повеќе производители. Ќе присуствуваат пчелари од регионот „Пчиња- Краиште” од општините: Крива Паланка, Старо Нагоричане, Врање, Сурдулица, Босилеград, Црна Трева, Ранковце и Ќустендил, кои ќе ги споделат своите искуства со производство на мед, како и негово брендирање. На овој настан ќе ја промовираме и брошурата изработена со Стојанче Величковски, “Што треба да знаете за медот и пчелните производи”, изјави Ацо Петровски, претседател на ЗП „Пчела”.
Манифестацијата ќе биде надополнета со културна програма во организација на предучилишната установа детска градинка „Детелинка”.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево