Почнува Богородичниот пост: Најкраток е, но еден од најстрогите, а ова се правилата

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица. Еве по што се истакнува.
Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.
Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.
Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.
Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.
Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.
Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би и се молеле.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
