Почна Тиквешкиот гроздобер 2015

Со отворањето на изложбата „Скулптури од Кавадарци“ денеска започна годинашното издание на стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2015“.
Изложбата и манифестацијата за отворени ги прогласи претседателот на Советот на општина Кавадарци, Горица Пеливанова - Вилхелм.
- Оваа манифестација Кавадарци традиционално ја организира со години и се гордее со неа. Во нејзини рамки и оваа изложба која докажува дека Кавадарци навистина е расадник на уметнички таленти, рече Пеливанова Вилхелм.
На изложбата „Скулптури од Кавадарци“ која е поставена во градската Музеј галерија, се изложени 22 дела на 12 скулптори од Кавадарци- Пано Анѓушев, Мино Стојанов, Кирил Мукаетов, Диме Самарџиев, Гоце Давидов, Ранко Дакиќ, Елпида Хаџи-Василева, Соња Самарџиева, Иван Ковацалиев и Јован, Гоце, Ристе и Игор Јосифови.
- Посетителите ќе имаат можност да ги видат овие скулптури како тридимензионален ликовен израз на уметници кои имаат оставено траен уметнички белег, како во Македонија, така и надвор од неа, нагласи Весна Ѓорѓиева, куратор на изложбата.
Изложбата е финаниски поддржана од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
