Почна Струмичкиот карневал

Кралот вечерва објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“. И почна, почна да тече реката од карневали составена од 41 групи со 1.200 учесници со 300 гости од странство, кои на Интернационалната вечер повеќе од 3,5 часови ќе дефилираат низ улиците на градот.
Реката од маски само на момент запираше кога групите ги претставуваа своите кореографии пред жирито и публиката. Темите беа најразлични-Струмичка корида, љубов, музика, јунаци од филмовите и многу други кои под ритамот на музиката имаа волшебен сјај.

- Струмичката корида освен традицијата низ движење и музика ја истакнува храброста на момчињата и девојките и ја слави љубовта, бикот не го убиваме, што е и порака за хуман однос на луѓето кон животните, порача учителката Соња Цицимова од ОУ „Видое Подгорец“, која и годинава со своите ученици и нивните родители учествуваат со маската „Струмичка корида“.

На почетокот на карневалот се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
- Денес сите патишта водат кон Струмица, затоа што вечерва Струмица е центар на светот. Тоа не прави неизмерно горди, оти сите ние сме верни негуватели на традицијата, оти сите ние ја вардиме културната оставина на овој град, оставина на чиј пиедестал се наоѓа нашиот Струмички карневал. Станува збор за традиција која има древно минато од повеќе векови, станува збор за прекрасно „разгрането дрво“ кое има многу длабоки корени. Тие корени на Струмичкиот карневал зборуваат и за нашите корени, но и за корените на овој град под кулите на Струмица, кој датира од многу, многу одамна, рече струмичкиот градоначалник кој во своето обраќање ги поздрави гостите од земјава и странство, претставници на дипломатскиот кор во државата и владини претставници.

Најдобрите карневалски креации ги оценува жири-комисија, а и публиката може преку онлајн гласање да гласа за една маска. За најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
