Почна состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО
Во Брисел попладнево почна дводневен самит на министри за надворешни работи на држави членки на НАТО, на кој фокусот е јакнење на соработката со ЕУ, борба против тероризмот, како и состојбата околу Северна Кореја.
На состанокот присуствува и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера рече дека разговорите ќе бидат отворени со дискусии за уште поголема соработка НАТО-ЕУ и тоа со присуство на претставници на ЕУ, како и со министрите на Финска и на Шведска.
- На овој состанок целта ни е да одиме чекор понапред, да дојдеме до нов пакет мерки. Се надевам на договор, изјави Столтенберг.
Министрите ќе разговараат и за борба против тероризмот, како и за други теми.
Средбата ќе заврши со состанок во врска со политиката на „отворени врати“.
Целта е по приемот на Црна Гора да се разгледа кои се најдобрите начини да се поддржат оние држави кои сакаат членство во НАТО.
Состанокот завршува утре и е дел од подготовките за самитот на НАТО во јули во Брисел
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци