-->
-->
Почна санацијата на одроните кај село Истибања
-->
Откако вчера карпест рид се сруши и го блокираше сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево, во тек се активности за санирање на критичната точка кај село Истибања. Во санација на теренот учествуваат екипи на претпријатието „Македонијапат“, како и противпожарни единици кои теренот целосно го чистат од останатите ситни одрони. Од „Македонијапат“ уште еднаш напоменуваат дека поради санацијата на теренот патниот правец Истибања – Брана Калиманци ќе биде затворен за сообраќај и во наредните неколку дена.
– Патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории на возила, а сообраќајот и понатаму ќе ќе се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива прeку патниот правец Виница – Бигла – Делчево, додека за тешки моторни возила од сите категории ќе се користи правецот Виница – село Смојмирово – Делчево, велат од „Македонијапат“.
Во моментов преку скенирање на критичниот дел продолжуваат темелните испитувања и мерења на теренот, по што ќе се пристапи кон целосна санација на критичната точка. Со ваквиот пристап кон решавање на овој проблем и со трајното решавање на оваа критична точка од овој патен правец во иднина надлежните очекуваат овозможување на поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан