Почна распитот на осомничените за Меѓународен сојуз, исказ прва дава Мандиќ

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Јасна Мандиќ е првата од осомничените кои неделава ќе даваат исказ за случајот.
Мандиќ која е во куќен притвор, во зградата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше донесена со полиција.

Според истрагата која се води, таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари".
Во истрагата е утврдено дека Јовановски во текот на 2017 и 2018 година ги измамил двајцата бизнисмени, Сиљан Мицевски и Ардијан Амзоски, од кои зел 730 односно 230 илјади евра.
Останатите осомничени му помагале на Јовановски изготвувајќи договори и подигајќи ги уплатените пари кои потоа ги уплаќале на сметки на други фирми како позајмици или донации со цел да се сокрие трагата.
Инаку во обвинителството денеска е и Ременски која го продолжи увидот во доказите.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
