Почна протестот пред Влада за случајот на Клиниката за онкологија

Пред Владата на Република Северна Македонија почна протестот на граѓаните кои го изразуваат својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Со транспаренти „Убивате за профит”, „Колку вреди човечкиот живот”, „Онкологија=профит”, „Разбуди се мој народе“, тие бараат овој случај да не помине неказнето.

Според најавите, протестот ќе продолжи со марш кон Министерство за здравство.
Премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици денеска изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок да се реши случајот.

-Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту каков било друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на свето ВМРО, и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара, потенцираше премиерот.

Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
