-->
-->
Почна манифестцијта „Крушево-етно град“
-->

Традиционално, со поворка од 100-ина костимирани крушевчани во комити, Турци, чорбаџии, занаетчии, во староградска носија и носија од пред стотина години, синоќа во Крушево по осми пат започна манифестацијата „Крушево-етно град“.
Во домот на културата во рамки на манифестацијата се одржа изложба на ракотворби кои ги прави здружението „Цвет“ од Крушево, со саем на книги и со изложба на младите полетни крушевчани кои сакаат да ги научат и усовршат занетите на нивните дедовци и баби. Меѓу нив е и 19- годишната крушевчанка Елена Атанасоска која изработува слики, фигури и мотиви од срма.
- Занаетот го научив од баба ми и од татко ми и сакам да го усовршам. Работењето со срма е напорно, не можеш повеќе од 3-4 часа одеднаш да работиш, но е многу креативно и инспирира, вели Атанасоска.
Крушевчани, костимирани во поворката се горди што имаат богата традиција и сакаат да ја пренесат на младите.
- Многу сум горда на богатата крушевска традиција и на историјата. Облечени сме во староградска носија што се чува кај нас дома во каселите од баба ми и нејзината мајка. Сега се обидуваме да шиеме таква облека што потсетува од пред 100 години за да ги зачуваме традициите и да ги пренесеме на нашите деца, вели Агапи Чункоска, советничка во градскиот совет на Крушево.
Манифестацијата синоќа ја отворија организаторите Историскиот музеј на Крушево и локалната самоуправа.
- Горди сме на исторјата и на оваа манифестација што се одржува по осми пат. Сакаме да потсетиме на славните настани околу Илинденското востание, но и за животот тогашен во Крушево за да не се заборави, рече директорот на Историски музеј – Крушево, Зоран Богески.
Според градоначалникот Ѓорѓи Дамчески, манифестацијата „Крушево –етно град“ стана бренд низ годините препознатлив во земјата и надвор од неа.
- Ова е едно културно збиднување со кое сакаме да го доловиме духот на едно минато време од крајот на 19 и почетокот на 20 век, да го доловиме духот на занаетите и еснафот, мирисот на чаршијата. Истовремено да го презентираме целокупниот начин на живеење, културата, обичаите, облеката модата, традицијата, сега во својство на една нова улога на збогатена туристичка понуда на градот, истакна Дамчески, со што ја прогласи за отворена Манифестацијата.
Синоќа, гостите на плоштадот во Крушево ги забавуваа Наум Петрески и Зуица Лазова.
Манифестацијата „Крушево-етно град“ ќе трае до 31 јули со пречекот на коњаницата во градот. Овие денови преку низа културни настани, гостите ќе бидат запознати со архитектурата, со историјата, со знаменитостите и занаетите во Крушево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
