-->
-->
Почна исплатата на субвенциите за тутунот
-->
Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Производителите се пред филијалата на Тутунска банка за да си ги подигнат парите.
Според филијалата, исплата на субвенциите од едно евро за килограм се врши за откупениот тутун до 15 јануари.
Тутунарите се задоволни од добиените, во просек, четири евра за килограм заедно со субвенциите. Парите, велат, се добредојдени за намирување на трошоците во екот на подготовките за новото тутунопроизводство, за орање на површините и расадопроизводство.
Како што информира претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Данчо Милески, минатогодишната реколта од преку 20.000 тони е речиси откупена иако законскиот рок е до 15 март.
- Заостанатите количества тутун ќе се преземаат на вагите кои откупувачите ги оставија отворени за што се до 15 март законски обврзани. Според реколтата од над 20.000 тони, треба да се исплатат субвенции од преку 20 милиони евра. Тутунарите годинава добро поминаа со откупот, во просек добија по четири евра за килограм заедно со субвенциите. Она што го добија со откупната цена им останува како заработувачка, изјави Милески.
Во тек се и подготовките за новата реколта тутун. Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство се издаваат бели картони како лиценци за производството.
- Интересот за тутунопроизводство останува на ланското ниво. тутунарите се охрабрени зашто добро поминаа со откупот на ланската реколта, рече раководителот на Подрачната единица Коста Дурланов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија