Почна гласањето на парламентарните избори во Сирија
На 7.000 избирачки места во Сирија денеска почна гласањето за избор на новиот состав на Парламентот, јави ТАСС.
Изборните места ги отворија вратите во 7 часот по локално време, а гласањето ќе трае до 19 часот. Изборите за челнови на сирискиот Парламент се оддржуваат на територијата на 13 од вкупно 15 провинции во земјата. Исклучок се провинциите Рака и Идлиб, кои се наоѓаат под контрола на Исламската држава и на сирискиот огранок на Ал Каеда - Џебхат ал Нусра.
Изборите се одржуваат согласно Уставот на Сирија, усвоен на референдумот од 26 февруари 2012 година.
Парламентот наречен Народен совет се состои од 250 пратеници, кои се избираат на директни и тајни избори со мандат од четири години. За претставниците на работниците и на селаните се определени квоти. За овие категории на кандидати загарантирани се 127 места во Парламентот.
Гласањето се оддржува во момент кога во Женева почнува последната рунда меѓусириски преговори, кои се очекува да траат десетина една.
Опозицијата и западните земји сметаат дека изборите се незаконски.
Ново на Сител
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата