Почна да се гради патот Росоман-Сирково

Почна да се гради локалниот пат од Росоман до село Сирково, во должина од околу 4 километри. Како што информираше денеска Ѓорѓи Крстевски, портпарол во Локална самоуправа Росоман, земјените работи и уредувањето на пропустите како и првичната подлога ќе бидат финансирани од Бирото за регионален развој и росоманската општина, со околу шест милиони денари.
- Дополнително ќе се распише тендер за втората фаза од изградбата на патот која ќе се финансира од Светска банка преку Министерството за финансии со околу 33 милиони денари. 15.990.000 денари се од Светска банка, а останатиот дел од средствата се обезбедени преку локалниот буџет, соопшти Крстевски.
Тој нагласи дека со оваа инвстиција ќе се скрати дестинацијата од Росоман до Сирково, а новиот пат ќе биде поврзан и со новата делница Градско-Прилеп, која е во фаза на изградба.
- Инвестирањето во овој пат значи и побрз, полесен и побезбеден пристап до земјоделските имоти во овој регион, додаде Крстевски.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
