Почна чистењето на тетовската депонија

Компанијата „Голец Транс“, која понуди најдобри услови согласно критериумите на огласот за јавна набавка, избрана е за извршување услуги за дислоцирање на сметот од депонијата во Тетово, информира владината прес-служба.
Постапката, како што се наведува, завршила во петокот, на 18 август.
- Во соработка со Јавното комуналното претпријатие Тетово, овие активности за дислокација на отпадот почнуваат денеска. Отпадот од оваа депонија ќе биде складиран во депониите Дрисла или Русино, соопшти владината прес-служба.
Согласно одлуката од 17. седница на Владата на Република Македонија, завршена е и постапката за решавање на проблемот со депонијата во Струга.
- Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе почне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
