Почна бесплатниот јавен превоз во Македонска Каменица
Почна бесплатниот јавен превоз во Македонска Каменица што ќе го користат околу 600 лица, претежно пензионери од селските средини на општината, но и лица кои живеат во социјален ризик.

Според градоначалникот Дарко Митевски, интересот е голем, а тоа значи дека овој проект е многу значаен за жителите од селските средини.
- Едното комбе ги качи првите патници од Костин Дол, а второто од Саса 2. Сега треба добро да се запамти распоредот на превозот. Верувам дека ова е добар проект кој е во интерес на граѓаните, истакна Митевски и додаде дека двете комбиња што Општината ги набави минатата година ќе се користат и од НВО секторот, пенизонерите , спортските клубови, со цел да се подобрат условите во Македонска Каменица.
На реализацијата на проектот за бесплатен превоз на пензионери и социјално загрозени лица кои живеат во селските средини му претходеше јавен повик за поднесување барања. Бесплатниот превоз ќе се организира еднаш неделно, во петок, кога е и пазарен ден во Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
