Почит и искрени емоции: Погледнете ја последната порака од Тихи за Прле
Прле и Тихи го одбележаа детството на повоените југословенски генерации , серијата „Отпишани“ се уште се гледа како и пред 30, 35 години, а Воја Брајовиќ со тешко срце се прости од Прле – неговиот пријател Драган Николиќ кој почина утрово во Белград.
Актерот Воја Брајовиќ кажа дека Драган Николиќ бил дел од ексју авангардата, благодарение на неговиот талент, шарм и непосредност во работата „сите ние сме бил дел од Европа и светото, пионери на новата стварност“.
-Тој беше инспирација за се што беше ново и беше толку непретенциозен, не давајќи си себе си на важност,одговорен и на модерен начин ја сфаќаше уметноста со која се занимавашe, изјавил Брајовиќ и потенцирал дека Николиќ од првите па се до последните улоги фасцинантно бил посветен на професијата.
Медиумите ја пренесоа и изјавата на Воја во едно недамнешно интервју во кое се осврна и на пишувањата на медиумите за болеста на Драган:„Медиумите не сфаќаат дека таквото пишување многу го навредува семејството. Не можев да ги убедам Милена и Драган дека на нив никој лично не им посакува зло. Медиумите не се радуваат што неговата болест зема замав но се радуваа што имаат вест. Но ако ти правиш зло, без оглед зошто, како е можно луѓето да се занимаваат со таква работа? – се прашуваше Брајовиќ.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани