Македонија
24. November 2023 - 11:57

Почина Звонко Шаврески, претседател на движењето против хендикеп Полио Плус

Утрово на 58 годишна возраст почина Звонко Шаврески, претседател на движењето против хендикеп Полио Плус.

Од движењето утрово се простија од како што велат од нивниот лидер и голем борец за човекови права.

-Денеска движењето за независно живеење загуби еден од своите пионери, Звонко Шаврески. Македонија загуби еден од водечките сили на движењето за независно живеење за лицата со хендикеп, во Македонија и на регионално и меѓународно ниво. Инспиратор кој со својата иновативност го започна движењето за независен живот за лицата со попреченост. Непоколеблив активист кој со својот шарм беше гласноговорник за промените кои треба да се направат во Македонија и во светот за заедницата со хендикеп може да ги ужива своите права на еднаква основа со другите, посочуваат од движењето против хендикеп Полио Плус.