-->
-->
Почина сопругата на бизнисменот Свето Јаневски
-->

Нина Јаневска, позната бизнисменка и хуманитарка почина денеска во Скопје по долго боледување.
За загубата на Јаневска објави хуманитарниот клуб Inner Wheel Club of Skopje, чиј член беше таа.

„ Со голема тага во нашата душа, Ве известуваме дека почина нашата членка Нина Јаневска. Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта Бутел во Скопје во 9:30 часот. Секогаш ќе ја чуваме во нашите срца“, напишаа од Inner Wheel Club of Skopje на својот Фејсбук профил.
Нина Јаневска беше сопруга на бизнисменот Светозар Јаневски, претседателот на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“.
Извор: Фактор.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
