Почина славниот режисер, она што го остави зад себе е непроценливо!
Почина британскиот режисер Луис Гилберт чии филмови сите ги гледавме.
Човекот кој режираше три филмови за Џејмс Бонд, почина во 98. година.
Веста за неговата смрт ја соопштија продуцентите на филмовите за славниот агент 007.
„Со голема тага дознавме за смртта на нашиот драг пријател Луис Гилберт“, напишаа синоќа во објавеното соопштение продуцентите на серијалот за Бонд, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.
Тие истакнаа дека Гилберт дал огромен придонес во британската филмска индустрија со филмовите за Бонд, кои се сметаат за класици.
Тој ги режираше: „Само двапати се живее“ од 1967 година, „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 и „Операцијата Вселена“ од 1979 година.
Покрај трите филмови за Бонд, тој го режираше и филмот „Алфи“ од 1966 година, кој му донесе слава на британскиот актер Мајкл Кејн и кој имаше 4 номинации за оскар. Неговиот последен долгометражен филм „Before you go" излезе во 2002 година.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг