-->
-->
Почина познатиот актер
-->
Актерот Мајкл Маси почина вчера на 61 година, пренесуваат американските медиуми.
Засега се уште не е позната причината за смртта, а голем број актери со кои тој соработувал изразуваат сочувство преку социјалните мрежи.
По трагедијата која му се случи на еден сет и повлекувањето од јавноста се врати на сцената и оствари бројни улоги како двете во „Спајдрмен“, во сериите „Досие Икс“, „Алијас“,„Доктор Хаус“.
Маси во 1993 година случајно на сет го застрела својот колега Брендон Ли. За време на снимањето на сцена во која Мајкл требало да го застрела Брендон, по грешка на тимот задолжен за реквизити се нашол вистински куршум во пиштолот. Имено, истиот пиштол бил користен претходниот ден кога требало да биде наполнет со вистински куршуми, па еден од нив останал во цевката.
Брендон, кој инаку му беше син на познатиот Брус Ли, итно бил пренесен во болница каде починал на 31 март 1993 година на 28 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип