Почина познатиот актер и комичар Боб Сагет
Американскиот глумец и комичар Роберт – Боб Сагет, познат по улогата на саканиот самохран татко Дени Танер во комичната ТВ-серија „Полна куќа“ (Full House), и како водител на „Најсмешните домашни видеа од Америка“, почина на 66-годишна возраст, за време на својата стенд-ап турнеја низ САД.
Брзата помош го пронашла актерот во соба во хотелот „Риц-Карлтон“ во Орландо вчера попладне и констатирала смрт на лице место, соопшти шерифот на округот Оринџ, нагласувајќи дека не се пронајдени траги од дрога. Сагет беше на Флорида каде што настапи во петокот и саботата. Тој се огласи и на Инстаграм по топлиот прием од публиката.
„Ѝ се вратив во комедијата како кога имав 26 години. Претпоставувам дека го пронаоѓам мојот нов глас и го сакам секој миг!“, напиша тој.
Многу негови колеги и пријатели се збогуваат со него на интернет.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Минималната плата е зголемена за 100% во мандатот на оваа Влада, платите продолжуваат да растат
-
Во јули, елитен женски тенис во Скопје, ќе се игра купот „Били Џин Кинг“
-
Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ формираа координативно тело за справување со шумските пожари
-
Реконструиран градскиот базен „Атина Бојаџи“
-
Николоски до Ковачевски: Македонија национално и економски ја опустошивте, дали мислите дека се живее добро и нели е време за предвремени парламентарни избори?
-
Манчестер јунајтед му понуди 40 милиони евра на Ајакс за Лисандро
-
148 нови случаи на КОВИД-19
-
Приведени двајца крадци во Штип