-->
-->
Почина пејачот на Продиџи
-->
Пејачот на групата „Продиџи“, Кит Флинт почина на 49-годишна возраст. Тој е пронајден мртов во својот стан во Англија, утрово околу 8 часот, кога од имотот на кој живеел била повикана полиција и брза помош.Причината за смртта се уште е непозната. Како што јавува „Сан“, полицајците остануваат на местото на настанот, но неговата смрт не се третира како „сомнителна“.
Продиџи изникна од „андерграунд“ рејв сцената, на почетокот на 90-тите, за да стане еден од најпознатите бендови во Велика Британија. Тие се најдоа на врвот на топ листите во Велика Британија со „Firestarter“ и „Breathe“ во 1996 година и направија шест „број 1“ албуми.
Флинт стана култна фигура во британската музичка сцена со неговите енергични настапи во живо и карактеристична коса и тетоважи. Роден во Источен Лондон, тој се преселил во Есекс, како дете и го сретнал ко-основачот на Продиџи, Лијам Хаулет, во ноќен клуб во градот.
Флинт првично беше танчер во групата, но потоа беше избрана за пејач на култната „Firestarter“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип