-->
-->
Почина пакистанскиот мигрант ограбен и претепан кај Бунарџик
-->

Вчера на одделението за Неврохирургија при Клиничкиот центар во Скопје почина Пакистанец кој пред десетина дена беше пронајден тешко повреден на автопатот Скопје - Куманово, соопшти лекар од Клиниката.
Имено, на 16. овој месец, на автопатот Скопје-Куманово, во близина на с.Бунарџик имало две лица со повреди на главата и телото.
Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Р.Македонија.
По нивно кажување, на мостот за с.Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари.
И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Сторителите не се пронајдени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
