Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

За 22,1% зголемен бројот на случаи со грип, регистрирани 188 заболени
-

Две и пол години затвор за Цуна, кој преку прозорец избега од полициска станица во Кочани
-

Вработени во ЈСП фатени како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров – ќе бидат отстранети од работа
-

Во италијанските училишта стапи во сила забраната за носење бурка или никаб
-

Утринските температури над нула, најмногу врнежи во Лазараполе
-

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска
-

Макрон изјави дека кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка
-

РИК на Србија соопшти детали за претседателските избори закажани за 27 декември
