Почина македонски државјанин кој беше во притворскиот центар во Валона

Македонскиот државјанин Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар.
- Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија албанските медиуми.
Албанската полиција Б.Л. го уапси на 25 април во Валона, каде имал изнајмено стан кого, според полицијата го претворил во „база за дрога“.
- Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, објави тогаш полицијата.
За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони.
Во акцијата уапсени биле и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои се товарат за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
