Почина легендарниот претседател на Палермо, Ѕампарини
Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Палермо, Маврицио Ѕампарини, почина на 81-годишна возраст. Во мандатот на Ѕапмарини, Палермо ги доживеа најсветлите моменти во својата историја.
Маврицио Ѕампарини во два мандата беше прв човек на клубот од Сицилија. Првиот мандат го имаше од 2002 до 2017 година. Направи пауза од неколку месеци, се врати на функцијата во јули 2017 година, но ја напушти кон крајот на 2018 година.
Во првиот мандат на Ѕапмарини, Палермо беше стандарден член на Серија А, играше и во европските купови. Клубот во тој период реализира неколку големи трансфери, од кои најпознати се трансферите на Паоло Дибала во Јувентус, Единсон Кавани во Наполи, Хавиер Пасторе во ПСЖ.
Ѕампарини во својата ера смени 40 тренери.
Пред да ја прифати функцијата во Палермо во 2002 година, Зампарини беше во Венеција. Овој клуб го спаси од банкрот, а потоа избори пласман во Серија А.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот