Почина Ферус Мустафов

Легендата на ромската музика, познатиот музичар саксофонист Ферус Мустафов, по кратко боледување, починал синоќа во ГОБ „8 Септември“. Тој беше хоспитализиран во болницата по мозочниот удар на крајот на април.
Неговите пријатели и почитувачи веќе се простуваат од музичката легенда на социјалните мрежи.
Ферус Мустафов е роден во Штип во 1950 година, во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на 17- годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Ја напушта академијата откако на покана од бенд предводен од Тома Чрчев, оди на турнеја, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
Во неговата богата музичка кариера има настапувано во голем број земји во светот, а снимил и десетина албуми, главно со инструментални композиции.
Согласно неговата желба, Ферус ќе биде погребан на гробиштата во Штип.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
