Почина авторот на сликата „Бакнеж“ на Берлинскиот ѕид
Рускиот уметник Дмитриј Врубел, авторот на познатиот мурал на Берлинскиот ѕид, популарно наречен „Бакнеж“, почина на 63-годишна возраст како последица на зараза со коронавирусот. Веста ја објавија руските медиуми.
Врубел е роден во Москва, а од 2010 година живееше во Берлин, Германија. Неговото најпознато дело е графитот на остатоците од Берлинскиот ѕид, официјално насловен „О Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, каде што советскиот лидер Леонид Брежњев и поранешниот источногермански лидер Ерих Хонекер се бакнуваат во уста. Муралот е инспириран од средбата на двајца политичари. Насликан е 1990 година, само неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид и пред обединувањето на Германија, коешто се случи на крајот на таа година.
– Во раните 2000-ти, луѓето почнаа да носат сувенири од Берлин – магнети, филџани и слично – со „бакнежот“ на нив, кои се продаваа не само во Источната галерија, туку и насекаде низ градот… Со години го живеев мојот приватен живот, додека сликата го живееше своето, изјави Врубел во една прилика.
Оригиналната слика била уништена во 2009 година кога градските власти во Берлин ги реновираа остатоците од ѕидот. Врубел потоа нацртал и нова верзија на „Бакнеж“.
Сопругата на Врубел, Викторија Тимофеева минатиот месец преку социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг е згрижен поради компликации по зараза со Ковид-19 и дека неговата здравствена состојба брзо се влошува, потсетува „Раша тудеј“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп