Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада

Половичен успех имаа македонските репрезентации во 6. коло на шаховската Олимпијада во Самарканд, откако шахистите извојуваа денеска победа над Либан, додека дамите загубија од домаќинот Узбекистан.
Машката репрезентација во состав Емил Ристески, Антон Златков, Тони Лазов и Филип Панчевски извојува максимална победа од 4-0 над Либан и дојде до осмиот поен, додека лидер е Узбекистан со максимални 12 поени.
На женскиот олимписки турнир, македонската репрезентација претрпе пораз од Узбекистан со 3.5-0.5.
Сања Трајковска освои половина поен на четвртата табла, а порази претрпеа Моника Стојковска, Моника Жежовска и Ивана Манова.
По шест одиграни кола, македонската женска шаховска репрезентација е на 91. место со шест бодови.
Утре е слободен ден на 46. шаховска Олимпијада, а натпреварите од 7 коло се на програмата в среда.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
