Побаран вонреден стручен надзор за 41-годишната беровчанка која почина на штипското Инфективно одделение
Во врска со починатата пациентка од Берово, постапено е по наредбата на ДСЗИ. Направен е записник на Комисијата за контрола на квалитет на здравствени и етички прашања и доставен е до Инспекторот, се вели во денешното соопштение до медиумите од директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев во врска со случајот со 41-годишната беровчанка, која на 14 ноември почина на Инфективното одделение во Штип. Тој забележува дека се што понатаму ќе биде побарано од страна на надлежните институции ќе биде испочитувано.
– Уште еднаш би апелирал да престанат нападите на трудот на медицинските работници, во борбата со ова зло кое го покоси буквално целиот свет. Да ги почитуваме здравствените работници, да ги почитуваме мерките за заштита, бидејќи состојбата и така е премногу тешка, вели во соопштението Ѓеорѓијев.
Министерот за здравство, Венко Филипче утринава по добиените извештаи од комисијата на штипската болница и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат побарал вонреден стручен надзор од Лекарската комора. Стручни лица, лекари од Лекарската комора ќе бидат дел од комисијата, којашто ќе работи на овој вонреден стручен надзор и ќе даде мислење за случајот.
За колку време ќе го заврши овој случај комисијата според законот не е утврдено, но откако ќе го направи извештајот, во тој случај во рок од осум дена треба да го извести министерот за здравство.
Досега Министерството за здравство до Лекарската комора има испратено вкупно десет случаи за починати пациенти низ болниците во земјава, а денеска се пристигнати уште два случаи. Станува збор за починати пациенти во Струмица, Свети Николе, Битола, Тетово, Кавадарци и Ресен.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија