По вторпат за четири месеци ограбена црквата на православните гробишта во Тетово
Околу 1400 денари биле одземени, а била нанесена и материјална штета по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Димитрија“ на улица „Прохор Пчински“ во православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Масрјан Јосифовски. Според неговите податоци, кражбата била извршена ноќта помеѓу сабота и недела изминатиот викенд.
- Непознатите сторители откако ги скршиле двата катинари од дрвената влезна врата насилно отвориле и две дрвени каси во внатрешноста од кои одзеле 200 и 800 денари како и уште 400 денари што биле оставени на друго место во црквата. Со тоа тие противправно се стекнале со вкупна имотна корист од 1400 денари рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид и презема мерки и активности за откривање на сторителите.
Ова е втора кражба во истата црква на тетовските православни гробишта за нешто помалку од четири месеци откако во мај годинава исто така непознати сторители оделе околу 2000 денари од нејзината внатрешност.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции