-->
-->
По втор пат во Делчево ќе се одржи Бадникова поворка
-->

Делчево се подготвува за втората Бадникова поворка која ќе се одржи во пресрет на празникот Божик. За таа цел, како што информираат од свештенството при црквата Успение на Пресвета Богородица, се одржа првата средба со родителите и дечињата кои ќе бидат главни учесници во настанот.
– Со Бадниковата поворка, возобновуваме една прекрасна древна традиција, која веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири, што радосно ги обединува најмладите од целата наша татковина. Вчера ја одржавме првата средба со децата и родителите кои ќе бидат дел од овој настан, а вакви средби до Божик ќе се одржат во наредните две недели. Од тие причини го повикуваме сите заинтересирани да го најават своето учество најдоцна до 30 декември 2019 година во храмот Успение на Пресвета Богородица од 8 до 16 часот, информираат од делчевското свештенство.
На средбите ќе се вежба песната „Вечниот Бог” која ќе се пее за време на поворката, додадоа свештениците.
-Бадниковата поворка во Делчево ќе тргне од храмот „Успение на Пресвета Богородица” во 10 часот и ќе се движи до параклисот на „Св.Kлимент”, по што следува враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци, додадоа свештениците.
Од свештенството при храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево апелираа до сите православни христијани да помогнат во обзбедувањето подароци, секој во рамки на своите можности, се со цел подостоен се со цел подостојно одбележување на Божиќните празници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
