Пo сончевото претпладне доаѓа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Минималната температура ќе се движи меѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне девет.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Останките на Цар Самоил пренесени во Софија
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината

