По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
По САД кои привремено ја запреа работата на амбасадата во Киев поради информациите за можен воздушен напад врз украинскиот главен град денеска, истото го сторија и Шпанија, Италија и Грција.
Преку е-маил испратен до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“. Амбасадата, исто така, ги советуваше шпанските граѓани во Киев да „преземат екстремни безбедносни мерки, да ги следат сите препораки на локалните власти и да имаат засолниште на располагање во секое време“.
Од италијанската амбасада соопштија дека како мерка на претпазливост ја затвораат амбасадата во Киев за посетители. Од безбедносни причини, и Грција одлучи да го стори истото. Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации.
Разузнавачките податоци укажуваат на комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град и не се верува дека е поврзан со руската промена во нуклеарната доктрина вчера.
Конзуларното одделение на американскиот Стејт департмент претходно денеска објави дека американската амбасада во Киев ќе биде затворена во среда, на 20 ноември, по извештаите за потенцијален голем воздушен напад и ги повика вработените и американските граѓани во Киев да се евакуираат на безбедно место во случај на воздушна тревога.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца