По распадот на ИД, Ирак треба да се подели на три делови
За да се избегнат понатамошни крвопролевања, по уништувањето на Исламската држава, Ирак треба да биде поделен на три поединечни држави, меѓу шиитските мислимани, сунитите и курдите, изјави Масрур Барзани, претседател на курдската регионална Влада.
Ирачките сили успеаја да ја поразат ИД во неколку клучни области, кои беа преземени од џихадистите во 2014 година, и сега напредуваат кон Мосул, најголемиот град кој е под нејзина контрола.
Преземањето на Мосул би значело крај на самопрогласениот калифат, но и по уништувањето на ИД, Ирак ќе остане длабоко разединет.
- Меѓусебното насилство продолжува со години, а договорот за поделба на власта во Багдад само доведе до поголемо незадоволство, блокада и корупција, смета Барзани, претседателот на курдската регионална Влада и син на претседателот на Курдистан Масуд Барзани.
- Нивото на недоверба меѓу трите области е толку високо, што не треба да останат под ист „покрив“, истакна Барзани.
По паѓањето на Садам Хусеин во 2003 година, со Ирак раководат шиитски влади.
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта