Свет
1. November 2017 - 12:15

По нападот во Њујорк, висок руски пратеник ги повика САД на соработка против тероризмот

Сергеј Железњак, член на Комисијата за надворешни работи на руската Дума, ги повика САД да се обединат со Русија во борбата против тероризмот по нападот во Њујорк од страна на исламист кој уби осум и повреди 11 лица.

- Уште колку жртви на терористички напади се потребни за САД и Европа да сфатат дека е потребно да ги здружат силите за ефикасно да се борат против тероризмот, наместо што се борат против непостоечката руска закана?, напиша Железњак на неговиот Фејсбук профил.

Напаѓачот од Њујорк е 28-годишниот Сајфуло Саипов од Узбекистан, кој се доселил во САД во 2010 година преку визната лотарија.