По нападот во Истанбул: Постигна гол, па ги прегрна специјалците

Еден ден по крвавиот напад во Истанбул во кој загинаа неколку десетици припадници на специјалната полиција во близина на стадионот на Бешикташ, еден фудбалер на Галатасарај направи потег со кој освои многу симпатии од фубалските навивачи, но и од останатите луѓе во Турција.
На дуелот меѓу Галатасарај и Газиантепспор, фудбалерот на Галатасарај Јасин Озтекин ја поздрави публиката со војнички поздрав, а потоа прегрна тројца припадници на специјалната полиција.
Натпреварот почна со една минута молк, а Галатасарај славеше со резултат 3-1. Озтекин ги постигна сите три гола за Галатасарај.
Во терористичкиот напад во Истанбул загинаа 38 лица, а ранети се околу 140 луѓе. Меѓу убиените најголем број се припадници на полицијата, кои биле главната мета на нападот.
Ново на Сител
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
-

Девет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 година
-

Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје
-

До петок без блокади на граничниот премин Евзони
-

Париз повикува на претпазливост за новогодишната ноќ поради тероризам и банди
