По 171 година, Белгија ги прекинува телеграфските услуги

Од 29 декември, најголемиот телекомуникациски оператор во Белгија, Проксимус, ќе прекине со работата со телеграми, соопшти компанијата.
Телеграфските услуги во земјата ги имале своите почетоци пред 171 година, кога во 1846 година беше воведена првата линија меѓу Брисел и Антверпен. Од 2013 година постои посебен Закон кој го регулира овој вид сообраќај, но дотогаш испраќањето телеграми се сметаше за „услуга од општествен интерес".
Главна причина за престанувањетго со работа, е тоа што граѓаните веќе не испраќаат телеграми. Нив најчесто ги користат компаниите и општествените организации, каде што во случај на судски процес, да речеме, тие писма можат да послужат и како доказ. Денес тие се повеќе се заменуваат од електронската пошта.
Во 2015 година, Белгија ја отстрани и последната телефонска говорница од улиците во земјата. До распространувањето на мобилната телекомуникација кон крајот на минатиот век, оваа европска држава располагаше со околу 20.000 јавни телефонски говорници.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
