-->
-->
Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ синоќа гостуваше во Велес
-->

Организаторите на Планинскиот филмски Фестивал „Ехо“ синоќа првпат пред велешката публика во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ презентираа дел од својата богата фестивалска програма.
Беа прикажани документарните филмови „Прва македонска трансверзала“ на Горан Вучиќ и Кирил Шантевски, „Слобода на две тркала“ од Игор Д.Јовановски и американскиот документарец „Дива вода“ од Ансон Фогел.
Млади велосипедисти - ентузијасти пред присутните ја презентираа велосипедската култура преку документарни филмови за велосипедски тури на интересни локации во Македонија. По нив и млади алпинисти со видеоматеријали промовираа некои од своите ентузијастички потфати во алпинизмот и искачувањето по карпи на локалитети во земјава, меѓу кои и локалитетот Пешти кај Велес.
Програмата заврши со 90-минутниот документарен филм „Метаноја“ на американскиот врвен аплинист Џим Ајкман за неговата несекојдневна битка со снежните височини, стрмните карпи и заледените водопади, што ја одушеви присутната публика.
Планинскиот филмски фестивал „Ехо“ постои од 2010-та. Неговиот организатор Игор Талевски за МИА изјави дека веќе седма година фестивалот има цел да ги промовира планинските спортови: планинарење, алпинизам, скијање, кајак. Воедно и претставување странски и домашни документарни филмови за овие спортови, како и со ентузијасти кои ги практикуваат планинските спортови и ги презентираат своите искуства.
- Сето ова е со цел бидејќи планинските спортови се многу малку популаризирани и, би рекол, дека се маргинализирани во нашата земја. Ние, организаторите, кои сме вклучени во овие спортови, преку овој фестивал сакаме да го промовираме тоа што го работиме и презентираме пред македонската јавност и така да ги привлечеме заинтересираните да ни се приклучат. Воедно промовираме и успешни светски спортисти во планински спортови, за кои се снимани и документарни филмови, рече Талевски.
Фестивалот „Ехо“ од минатата година се прикажува и во повеќе македонски градови. Досега гостувал во Прилеп, Битола, Штип, а по синоќешното гостување во Велес вечер ќе биде во Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
