Писмо од млада Босанка за забранета љубов

Пред неколку дена на адресата на порталот „Novi.ba” стигнало потресно писмо од млада Босанка за забранета љубов.
Младата девојка, од разбирливи причини, сакала да остане анонимна.
Писмото ви го пренесуваме во целост:
„Имам 24 години и доаѓам од Босна. Покриена сум и живеам според исламот целиот свој живот. Мојата приказна е едноставна, цел живот знаев само за училиштето и верата.
Успеав да ги завршам студиите и дојде време за мојата венчавка. Родителите сакаат да се омажам за човек кој тие ми го најдоа. А јас пред неколку месеци запознав момче од Санџак кое студира во Турција, многу се засакавме. И моите и неговите се против нас, и местото и времето, ми се чини како да е се против нас. Ова е мојата исповед.
Во мојот живот, искрено ви кажувам, јас никогаш не сум сакала некого како него. Тој е мојата прва љубов, и не сакам на сила да се венчам, за некој кој и не го познавам. Преку ова писмо сакам да му дадам до знаење дека го сакам и да не се откажува од нас.
Знам дека нема да биде лесно, но вреди да почекаме. Ние не бараме многу од светот. Само едно, место под небото и за нас двајцата.
Би сакала да знае дека и понатаму се борам за него и нашата љубовна приказна сакам да допре до светот. Не сме совршени, но мислам дека заслужуваме малку среќа во овој свет. Успеавме да оствариме искрена и чиста љубов на овој свет. Дали мојот начин е правилен и дали е добро ова што го правам, времето ќе покаже.
Сакам да бидете сведоци на мојата љубов и на мојата борба. Се надевам дека не се залудни овие редови кои ги пишувам.
Посакајте ми среќа.
Ви благодарам“
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
