Пишев: Тендери од Општина Струмица добиле уште две фирми на Лефтер Андонов

Тендери од Општина Струмица добиле уште две фирми на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов со име „Тритерол бенз“ и „Тритерол Турс“ дооел, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев.
Тој посочи дека станува збор за милиони, а според Пишев, фирмите на Лефтер биле апсолутни фаворити за добивање на сите тендери на Општина Струмица.
- Преку фирмата „Тритерол бенз“, функционерот на СДСМ Лефтер Андонов ја снабдувал Општина Струмица со нафта. Па така, во ист ден, во декември 2012 „Тритерол бенз“ добива три тендери во висина од 1.500.000 денари, истата фирма добила уште еден тендер претходно во висина од 389.400 денари, рече Пишев.
Истата фирма, како што кажа Пишев, во ист ден добила тендер и во комуналното претпријатие „Комуналец“, во висина од 12.120.000 денари. Третата фирма, која ја посочи Пишев, „Тритерол турс“ добила тендер од Општина Струмица во висина од 115.640 денари.
- Со други зборови фирмите на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов се апсолутни фаворити на сите тендери на Општина Струмица. Кланот Заеви се зголемува и збогатува преку уште една фирма. Затоа ваквите сериозни сомневања за криминал мора да бидат расветлени. Сега е јасно зошто Струмица плаќа зголемена цена на превозот и скоро двојно повеќе од една Битола, рече Пишев.
Додаде дека е време СЈО, да се откаже од, според него, политичките хајки, и да почне да се занимава со, како што рече, вистинските сомневања за криминал кој постои во Општина Струмица. Пишев побара и оставка од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
