Пишев: ОЈО да го испита случајот со преплатен превоз и тендери во Струмица

Пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Основното јавно обвинителство да го испита случајот со, како што наведе, преплатен превоз во Струмица, делењето пари од општината на фирми блиски до лидерот на СДСМ и струмички градоначалник Зоран Заев и функционери на партијата, да поднесе кривична пријава против Заев за злоупотреба на службената должност и незаконско работење.
- Бидејќи СЈО е зафатено со водење политички хајки во Битола, тотално неосновани и целосно политизирани, денес го повикувам Основното јавно обвинителство да го испита случајот со преплатен превоз во Струмица, делењето пари од општината на фирми блиски до Заев и функционери на СДСМ, да отвори постапка и да поднесе кривична пријава против Заев за злоупотреба на службената должност и незаконско работење, рече Пишев.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека во Македонија СДСМ не смее да е над законот, на себеси да гледа како тесна дружина која е недопирлива тендер мрежа, а институциите нивна лична своевина наменети за богатење. Според него, од општина Струмица почнале да се закануваат со тужби откако тој десет дена излегува секој ден со точни и прецизни документи кои докажуваат неправилности во работењето и отвораат сериозен сомнеж за тежок криминал.
- Од Општината Струмица освен лични дисквалификации и навреди не покажаа ниту еден факт, рече Пишев.
Повтори дека општината плаќала речиси двојно поскап превоз од една Битола, а дел од тие пари завршувале во рацете на фирмите на функционерот од СДСМ Лефтер Андонов и оти фирмата „Тритерол“ е добитник на тендери од општината Струмица од 1 милион 150 илјади евра.
- Се работи за фирма дел од кланот Заеви за која освен тоа што постои основан сомнеж за испумпување на милиони денари од општината кои завршувале во приватни џебови, веќе е познато дека таа врши и партиски услуги за Заев и СДСМ по нивен повик. Стотици членови на СДСМ се превезувани со автобусите на „Тритерол“ на протестите во Скопје, истите тие автобуси кои општината Струмица ги преплаќа за превоз на деца, рече Пишев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
