Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио.
Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува во соопштението на полицијата, пренесе Ен-би-си њуз (NBC News). Истрагата, спроведена под називот „Проект икар“, покажала дека станува збор за свесен обид за непочитување на безбедносните мерки и контроли воспоставени за заштита.
– Кога ќе се случи вакво нешто, мора да има одговорност, изјавил Нандо Јаника, претседател на Управниот одбор на регионалната полиција.
Според информациите од полицијата, осомничениот управувал со Боинг 767, Боинг 777 и Боинг 787 Дримлајнер на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, при што превезувал десетици илјади патници без да ја поседува лиценцата што е задолжителна за извршување на таква должност.
– Нашата истрага нè доведе до заклучок дека сите овие активности биле извршувани без соодветната лиценца која е законски задолжителна за пилотирање на комерцијални летови. Наместо тоа, веруваме дека обвинетиот лажно ги претставувал своите квалификации и пред работодавачот и пред надлежниот регулатор – изјавил заменик-началникот на полицијата Ник Милинович.
Според резултатите од истрагата, случајот отвора сериозни прашања за мерките за проверка и надзор во цивилното воздухопловство, со оглед на тоа што пилотот со години успевал да работи на високи позиции и да управува со големи патнички авиони на редовни линии, без да биде откриено дека не ги исполнува законските услови за вршење на професијата.Надлежните соопштија дека истрагата за случајот продолжува.
МИА
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
