Петровска: Партнерството со Националната гарда на Вермонт не е само пишан документ, туку подадена рака и поддршка

Во Министерството за одбрана вечерва беше одбележано 30- годишноto партнерство меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт.
Во своето обраќање, министерката за одбрана Славјанка Петровска ова партнерство го оцени како подадена рака и постојана меѓусебна поддршка.
-Ова партнерство не е само потпишан документ туку подадена рака и постојана поддршка низ сите овие 30 години. Триесет години одбележани со над 350 активности - вежби, обуки, тренинзи низ кои поминале повеќе од 1 800 армиски припадници, но и една исклучителна мисија, тешка, комплицирана опасна, но сепак успешна. Заедничката мисија на македонските и американските војници во Авганистан во 2010 година, иако тоа беше прва заедничка мисија резултатите се повеќе од одлични, рече Петровска.
Таа посочи дека успехот од партнерството кој е постигнат денеска се гледа во успесите на македонската Армија која, како што рече, е сојузничка армија што вложува во својата сила и успешно настапува во мисиите и вежбите со сојузничките армии.

-Ме радува што позитивниот пример за нашата соработка во областа на одбраната започнува и се повеќе се применува во другите секори во државата. Посакувам 40-годишнината да ја одбележат уште поголеми успеси и се разбира најважното, трајни пријателства, порача министерката.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт посочи дека упорноста и посветеноста на луѓето кои се дел од оваа соработка се најзаслужни за успешното партнерство меѓу двете земји.
- Активно учествувам во ова партнерство речиси половина од мојот живот, многу од нас овде ја делиме оваа долговечност, оваа упорност и посветеност на луѓето и оние од Вермонт и оние од Северна Македонија го направија ова партнерство, ова пријателство толку успешно. Она што е важно е да го пренесиме нашето знаење и искуство и да ги направиме уште поуспешни следните наши генерации, рече генерал Најт.

На свеченоста беа доделени и признанија за придонес во рамки на тридецениското партнерство, а ќе биде поставена и изложба на фотографии од заедничките активности на Армијата и Националната гарда.
Ново на Сител
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
