-->
-->
Петорица повредени во сообраќајка кај Кумановско
-->

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 14.15 часот на локалниот пат помеѓу кумановските села Макреш и Бајловце. Повредените се надвор од животна опасност, но се задржани за понатамошно лекување во општа болница во Куманово, соопшти денеска Регионалниот Центар за управување со кризи.
Сообраќајната несреќа, според информациите од кумановската полиција, се случила при директен судир на два автомобила и двата „форд ескорт“. Како што појасни денеска портпаролот на СВР Куманово,Валентина Николовска, 39 годишниот З.Д со „форд ескорт„ кумановски регистарски таблички се движел по локалниот пат Војник- Бајловце, по што изгубил контрола, преминал на левата страна и директно се судрил со другиот „форд ескорт“ со штипски регистарски таблички, кој бил управуван од 26 годишниот возач од Штип со иницијали Д.Д.
Лекарите од кумановската болница потврдија дека возачот на автомобилот со кумановски таблички се здобил со скршеница на десна потколеница, а по укажаната помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, додека негов сопатник, возачот од Штип и двајца негови сопатници се здобиле со телесни повреди и се лекувани во кумановската болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
