Петнаесет државни службеници добија сертификати за интервјуирање при вработување
Во организација на Амбасадата на Франција и Министерството за информатичко општество и администрација денеска на 15 државни службеници им беа доделени сертификати за посетувањето на обуката „Усно интервју при вработување“.
Од вкупно 15-те обучени државни службеници пет се од МИОА, пет од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и пет од Агенцијата за администрација.
- Тие се обучени за спроведување интервјуа со лицата кои ќе аплицираат за вработување на огласи преку Агенцијата за администрација, рече државниот секретар во МИОА Јахи Јахија.
Појасни дека согласно новиот закон двете институции - Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и Агенцијата за администрација ќе бидат клучни за спроведување на постапките за вработување, а исто така и МИОА, кое, како што рече, ги носи политиките во делот на реформите во јавната администрација.
Амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Оер појасни дека годинава се планирани низа обуки наменети за македонските државни службеници преку кои на македонските државни службеници ќе им се понуди француското искуство.
Освен обуките, рече Оер, има и водич за вработување за државните службеници.
- Работиме и на поголема искористеност на европските фондови и воспоставување на вистинска администрација која ќе дава подобри услуги, а државните службеници ќе си ја вршат добро работата ако ги имаат сите средства за работа, рече Оер.
Обуката е дел од долгорочната партнерска соработка што се развива помеѓу француската Амбасада и МИОА.
Ново на Сител
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници