-->
-->
Петмина припадници на турските сили за безбедност убиени од осомничени борци од ПКК
-->
Петмина припадници на турските сили за безбедност биле убиени од осомничени борци од Курдската работничка партија (ПКК) во судири во округот Мардин, Југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.
Рано утрово терористите отвориле оган врз полицајци во градот Нусаибин, при што тешко бил ранет полициски началник.
Настраданиот бил хоспитализиран, но подоцна починал од повредите.
Попладнево терористи активирале бомба, поставена на пат во градот. При експлозијата загинал еден војник и полициски службеник.
Двајца полицајци биле убиени во експлозија на бомба во Нусаибин во попладневните часови.
Турските сили за безбедност продолжуваат со антитерористичките операции во повеќе реони на Југоисточна Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости